Home » М-р Марија Шамоска Буџаковски в.д.директор на Државното музичко училиште во Битола

М-р Марија Шамоска Буџаковски в.д.директор на Државното музичко училиште во Битола

by culturalchat

М-р Марија Шамоска Буџаковски е назначена за в.д.директор на Државно Музичко Училиште – Битола. Таа доаѓа од редот на вработените во ДМУ – Битола. Магистирала на Факултетот за музичка уметност при УКИМ-Скопје и е Магистер по пијано. Нејзиното богато CV зборува за успешноста во нејзината 20 годишна кариера во областа на уметноста и педагогијата. Во педагошката работа како професор по пијано, со учениците од нејзината класа постигнала врвни успеси со бројни награди во земјава и странство, како и лични признанија за успешен педагог. Пијанистичката кариера ја развива како пијанист соло и во камерни состави со познати инструменталисти со пијано трио, како и со пијано трио – шест раце. Била ментор и предавач на теми од областа на пијанизмот на значајни манифестации во државава и странство. Една е од основачките на Здружението на пијанисти и музички педагози ПИЈАНО Битола и организатор на Меѓународниот натпревар Пијанофест, еден од најуспешните натпревари во регионот. Како дел од раководството на Здружението Пијано, организатор е на концерти, семинари, мастеркласи, европски проекти и настани со богата културна содржина, а донираат и електрично пијано, како допринос за потребите на КИЦ Битола. Минатата година добитници се на престижната награда од Општина Битола ” 4ти Ноември ” , како признание за успешноста во работата. Како почитуван пијанист и педагог, Марија Шамоска Буџаковски редовно добива покани и учествува како член на жири комисии на државни и меѓународни натпревари во Македонија, Србија, Италија, Малта, Црна Гора, Турција и др.

Related Articles