Најновата претставата на режисерот Марјан Неќак е со наслов „Убаватa Вида “претстава во која тој е композитор и сценограф и е во продукција на театарот Копер Словенија и копродукција со Словенечкиот постојан театар од Трст, Италија. Драматург на претставата е Сташа Прах, кореограф Клемен Јанежич, костимограф Јелена Проковиќ, автор на видео проекција Марин Лукановиќ, светло Марјан Неќак, Вид Принчич и Амар Феризовиќ. Во претставата играат Ања Дрновшек, Рок Матек, Данијел Малалан, Блаж Поповски. Многу книжевни дела во кои е вграден митот за „Лепа Вида“, (Убавата Вида), сведочат за посебното значење на овој мит за словенечкиот национален идентитет. Се вели дека крие одредени особини и судбоносни пресврти карактеристични за нашата колективна свест и душа, како што се: комплексот копнеж, архетипот на мајката, архетипот на жената, носталгијата, односот кон традицијата, односот кон туѓото и другиот, дури и бунт. Затоа во претставата не недостигаат и авторите кои го преработиле митот за „Лепа Вида“ и во него бараа метафора за сопствената или општествената болка, изговор или ослободување. Сепак, наместо потрагата по „вистинските“, веќе напишани зборови, претставата се занимава со денешниот поглед на митот и приказната за Лепа Вида. Што е желба? Дали сè уште копнееме, дали сè уште ги слушаме нашите најдлабоки идеи? Си дозволуваме да сонуваме, дали сме воопшто подготвени да ги оствариме нашите соништа? Што сме „принудени“ да правиме поради животот што го живееме?Дали живееме или животариме? Во што нè води околината и во какви замки се навлегуваме? Креаторите на претставата ја гледаат Убавата Вида како народна митолошка приказна за копнежот, храброста, непромисленоста, измамата, пожртвуваноста, страста и љубовта, што ќе ни помогне да одговориме на поставените прашања.Со својата едноставност и разиграност, музичко-театарската претстава, исполнета со магични чинови, ги разоткрива темите кои во меморијата на словенечката нација се сметаат за оние кои нè карактеризираат како меланхолични, незадоволни и потчинети. Продукцијата го следи митот во кој Вида е жена, сопруга, мајка и домаќинка која копнее, е храбра и силна и презема одговорност за своите постапки. Се разбира, таа е и тажна, измамена, лута, но сепак снаодлива и најважно – не се откажува, туку верува дека за неа има решение, дека за се има решение, дека има „Сонце“ што може да не донесе дома. Вида и креаторите на претставата веруваат во подобар свет. Иако се свесни за трагедијата на реалноста, судбината и моќта на злото, и покрај се гледаат кон хоризонтот, преку морето и гледаат како оддалеку доаѓа светло решение. Битолчанецот Марјан Неќак ја започна 2023 со повеќе проекти, па така минатата недела престатавата „Дон Жуан“ во режија на Александар Поповски, а во која Неќак е композитор беше претставена во Националниот театар на Унгарија во Будимпешта. Претходно беа соопштени номинациите за 33.то издание на фестивалот на хрватска драма „Денови на Марулиќ“, кое ќе се одржи од 21-ви до 28-ми април во Сплит, на кој во конкуренција е претстава во режија на Марјан Неќак „Кабаре Каспар“, а во изведба и продукција на Словенечкиот народен театар од Љубљана. Токму на овој престижен театарски фестивал македонскиот реномиран режисер, композитор и основач на битолскиот „Подвижен Музички Театар“, Марјан Неќак е добитник на наградата „Марул“ пред неколку години за претставата „Девојчето со жиците“ како најдобро уметничко остварување. Оваа претстава ја доби и наградата „Златен лав“ за најдобра музика на фестивал во Умаг, како и специјалната награда на 6. Меѓународен фестивал „Јоакимфест“. Преставата е во изведба на Словенечкото народно гледалишче, а копродукција со „Подвижен музички театар“ од Битола. Неќак е човек што живее за и од уметноста. Режисер, музичар, сценограф, аранжер, дизајнер на светло, продуцент, композитор . „Културата и образованието се темел на една држава“, ќе каже Неќак и додава: „Ако не сме образовани тогаш е многу лесно оние кои не манипулираат да ни кажуваат кои сме, од каде сме и какви треба да бидеме. Треба да се завртиме и да гледаме напред кон иднината“. Тој има долгогодишно театарско протфолио зад себе, тука се претстави за Битолскиот театар, другите македонски театри соработувајки со режисери како Владимир Милчин, Љубиша Георгиевски, Мартин Кочовски и други, но неизбежно е да се спомене соработката со театри и режисери надвор од Македонија: Бранко Брезовец и Саша Зуровац, Александар Поповски. Фотографии:театар Копер Словенија.