Последната изведена претстава во конуренција на 24.издание на Фестивалот на монодрама во Битола беше претставата „Мистеро Буфо“ на Театар Група, Загреб, Хрватска, во копродукција со Трико Циркус Театар. Оваа претстава е работена по делото на Дарио Фо, во режија на Ли Делонг и во изведба на актерот Дражен Шивак.Тој е мајстор на уметноста, приврзаник на театарската игра. Подговен за многу театарски техники во исто време, вистинити, потресни, смешни, цинични, самоцинични и пред се храбри.
Виртуозното парче „Мистеро Буфо“ е парче кое всушност содржи свој трагичен аспект. Претставата луцидно и бескомпромисно го сецира односот меѓу обичните луѓе и авторитетот, разоткривајќи го лицемерието и човечката потреба да ја префрли одговорноста на другите.Сепак, мешањето на бесниот финален формат со шармантната глума и проекцијата на претставата за животот надвор од театарската табла значи дека хуморот сè уште преовладува.
Дражен Шивак (заедно со своите соработници) докажа дека кловнот воопшто не е наивно сценско решение, но дека во многу концепти совршено одговара на впечатокот и пораката што публиката треба да ги носи дома. Поради својата детска интелегенција, кловнот е покорен во однос на публиката, а притоа секогаш е чекор понапред од нив. Исто така, во таква атмосфера неизбежен е автоматскиот фитбек до изведувачите, бидејќи реакцијата на изгледот на кловнот гарантирано нема да пропадне.
Актерот Шивак и режисерот Ли Делонг, меѓу деветте монолози на Фо, избраа три кои најдобро го прикажуваат гневот на „малиот човек“ изложен на владеечкиот систем. Оваа драма, напишана на јазикот џибриш е претходник на наративниот театар и еден од резултатите на Фо за заживувањето на комедијата дел’арте.Моќта на оваа изведба лежи во постојано присутниот ефект „актерот е тука“.
Шивак маестрално го задржа вниманието на публиката. Непознатото и екстравагантното секогаш предизвикуваат внимателно набљудување, а техниката на кловн заедно со силниот интелектуално-креативен столб е идеално средство да се дојде до крај со текстуално богата и физички напорна комедија.
Оваа претстава е една од најнаградуваните во Хрватска:
- Награда Златна маска за најдобар актер, фестивал Арт Трема, Рума, 2019 година,
- Специјална награда од жирито, Фестивал на мали сцени и монодрами, Сараево, 2019 година,
- Награда од публика, фестивал TIFBU, Бугојно, 2019 година,
- Награда за најдобра машка улога „Младен Црнобрња Гумбек“, Денови на сатирата, Загреб, 2020 година,
- Награда за најдобра монодрама, Фестивал на монодрама, Крапинске топлице, 2020 година,
- Голема награда, Be:femon – фестивал на монодрама, Бечеј, 2020 година.