На 11. издание на Интернационалниот театарски фестивал во Истанбул, Турција, еден од најтрофејните македонски режисери, Дејан Пројковски е добитник на Меѓународната награда за режија, со што уште еднаш ја зацврсти својата позиција на меѓународната театарска сцена. Ова е второ вакво признание за Пројковски на истиот фестивал, по наградата освоена на 9. издание пред две години, што сведочи за континуитетот на неговата авторска визија, уметничката зрелост и доследниот ангажман во современиот театар. Со оваа награда, Пројковски се вбројува меѓу најистакнатите режисери од регионот, чија работа и препознатлив сценски ракопис добиваат висока оценка и од меѓународната публика и од театарската критика.
Меѓународно признание за режисерот Дејан Пројковски во Истанбул
previous post

