Home » Македонски филмови на 31. Сараево Филм Фестивал

Македонски филмови на 31. Сараево Филм Фестивал

by culturalchat

Македонската кинематографија годинава ќе биде претставена на 31. Сараево Филм Фестивал со три филма во официјалните натпреварувачки програми, четири меѓународни копродукции со македонско учество и претставници во престижните индустриски програми на фестивалот.
Во Натпреварувачката програма за долгометражен игран филм ќе бидат прикажани „17“ во режија на Косара Митиќ и „Скејтбординг не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума.
Во Натпреварувачката програма за документарен филм ќе биде прикажан „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски. Иако филмот не е поддржан од Агенцијата за филм, неговиот избор во официјалната селекција претставува значајно признание за македонската кинематографија.
Во програмата In Focus е избран филмот „МАЈКА“ на Теона Стругар Митевска, продуциран од Лабина Митевска.
Македонското присуство е дополнето и со копродукциите: „Shame and Money“ („Срам и пари“), во режија на Висар Морина, македонски копродуцент е Лист Продукција – Натпреварувачка програма за долгометражен игран филм; „Berna’s Eyes“ („Очите на Берна“), во режија на Ермал Гердовци, македонски копродуцент е Слобода филм – краткометражна програма Vienna Triangle; „The Lost Son“ („Изгубениот син“), во режија на Дарко Штанте, македонски копродуцент е Кавал филм – Open Air Premiere;
„Our Father“ („Оче наш“), во режија на Горан Станковиќ, македонски копродуцент е Дрим Фектори – BH Film Programme.
Во рамките на индустриската програма, директорот на Агенцијата за филм ќе биде панелист на дискусијата „AI in the Film and Audiovisual Sector: A Threat or a Tool?“, а режисерката Дина Дума ќе учествува како говорник и ментор во рамките на Talents Sarajevo. Силното присуство на македонските филмови, автори и професионалци уште еднаш ја потврдува меѓународната видливост, креативниот потенцијал и континуираниот успех на македонската кинематографија.

 

Related Articles