КИЦ Битола организира ликовен конкурс „Битола – мојот град, моја визија“, чија цел е да се поттикне детската креативност и љубовта кон градот Битола, преку визии полни со фантазија и искрен детски поглед. Право на учество: ученици од сите основни училишта во Општина Битола. Учениците ќе се натпреваруваат во три категории:
- I – III одделение
- IV – VI одделение
- VII – IX одделение
Услови за учество:
- Дозволени се сите ликовни техники
- Делата треба да содржат мотиви од Битола
- Максимален формат: 50 х 70 см
- Секое дело треба да содржи податоци: име и возраст на авторот, име на ментор и контакт телефон
- Рок за доставување: до 27 октомври 2025
- По пошта на адреса: ул. Широк сокак 145
- Лично во ЈОУ КИЦ Битола – Офицерски дом (секој работен ден од 09:00 – 19:00 часот)
- Награди:
- Гран При
- I, II и III награда во секоја категорија
- Благодарници за сите училишта и ликовни педагози
Селектираните творби ќе бидат дел од завршната изложба која ќе се постави на 3 ноември 2025 во Офицерски дом – КИЦ Битола, како дел од програмата за празникот на Општина Битола (4 Ноември).