Македонија изобилува со талентирани деца од сите области, а на музички план ова парче земја преизобилува со вакви таленти. Тука во прв план го ставаме битолското музичко училиште чии успеси на учениците се надалеку познати.
На фестивалот „Златна лира“ кој традиционално секоја година својот концертен подиум го отстапува на младите музички надежи кои со својот талент, елaн и посветеност кон изучувањето и изведбата на музичката уметност придонесуваат кон неопходниот развој и растеж на музичката сцена во нашата држава, настапи Арсениј Ангелески, ученик во Државното музичко училиште во Битола, во класата на проф. д-р Татјана Божиновска, кој како победник на меѓународниот натпревар Охридски бисери 2022 (1 награда во Ц категорија) и изведе целовечерен рецитал во Музејот на револуционерната борба во Скопје.
Првиот успех го стекнува на 51-от државен натпревар на ученици и студенти во Скопје во 2013 година, освојувајќи Прва награда. После тоа реди награда по награда на многубројни натпревари. Во 2022 настапи како солист со оркестарот на Државното музичко училиште во Битола, по повод 75 годишнината од формирањето на ДМУ Битола.
Арсениј е роден на 9 јули 2005 година во Прилеп. Основното музичко образование по пијано го стекна во ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ во Прилеп, во класата на проф. м-р Христина Никоска – Тасеска. Денес е ученик во 3 клас во Државното музичко училиште во Битола, во класата на проф. д-р Татјана Божиновска.
За љубовта кон музиката вели: „ Љубовта во музиката во мене се роди најверојатно преку мојата сестра Исидора, бидејќи таа започна прва со изучување на клавирот, па преку слушање како таа свири и вежба, и мене ме заинтересира тој инструмент и тој вид на музика. еден од композиторите кој најмногу ме фасцинира е Франц Лист и неговата збирка на„ Унгарски рапсодии“. Секое едно ново дело претставува предизивик за еден изведувач и секое дело е едно различно искуство, а за справување со тешкотиите и оној, кој ни помага да ја пронајдеме музиката во едно дело, тука е менторот или професорот“.
Првиот успех го стекнува на 51-от државен натпревар на ученици и студенти во Скопје во 2013 година, освојувајќи Прва награда. Освен тоа, Арсениј има освоено: Специјална прва награда на Државниот натпревар на млади музичари за основно музичко образование во Скопје, мај 2014 година; Прва награда на Меѓународниот натпревар за млади музичари „Охридски бисери“ во Охрид, 2014 година; Специјална прва награда на Државниот натпревар на млади музичари за основно музичко образование во Скопје, 2015 година; Прва награда на I интернационален пијано натпревар “Mozart” во Хрватска, 2021 година; Прва награда – лауреат на интернационалниот натпревар “Musical lace” во Идрија, Словенија, 2021 година; Прва награда на државниот натпревар за млади музичари во Скопје, 2021 година; Втора награда на II интернационален музички натпревар “Iscart” во Лугано, Швајцарија, 2021 година; Специјална прва награда на фестивалот на руска музика „Душата на Русија“ во Скопје, 2021 година; Специјална прва награда на IV интернационален пијано натпревар „Artisti i Ri“ во Тетово, 2021 година.
Прва награда на државниот натпревар за млади музичари во Скопје, 2022 година; Прва награда на меѓународниот натпревар по пијано „Пијанофест“ во Битола, 2022 година; Прва награда на VII меѓународен фестивал „Полихимнија“ во Скопје, 2022 година; Прва награда – лауреат и апсолутен победник во својата категорија на IX интернационалниот пијано натпревар во Смедерево, Србија, како и специјална диплома за уметничка изведба 2022 година; Прва награда на интернационалниот натпревар за млади музичари „Охридски бисери“, како и посебна диплома за најдобро рангиран Македонски изведувач во Охрид, 2022 година; и други. Во 2022 настапи како солист со оркестарот на Државното музичко училиште во Битола, по повод 75 годишнината од формирањето на ДМУ Битола.
Има учествувано на повеќе семинари по пијано: Ана Гацева (Македонија), Карл Андреас Коли (Швајцарија), Рустам Рахмедов (Турција), Дино Имери (Македонија). Во 2015 година учествуваше на летниот музички семинар во Врање, Србија под менторство на проф. Зоран Имшировиќ (Унгарија), Масако Сакаи (Јапонија).
Во 2022 тој е учесник на летната пијанистичка школа во Грозњан, Хрватска, под менторство на Катарина Крпан, Хрватска, Владимир Крпан-Хрватска, Драгомир Братиќ – Србија, Данијел Ото- Хрватска. За семинарите вели: „ Семинарите се многу важен фактор кај еден ученик, бидејќи секој еден врвен музичар и пијанист има различно гледиште кон музиката и има различни емоции кон истата, при што само еден семинар може да биде од огромна помош, со тоа што ти отвора поголеми можности во музиката“.
Арсениј Ангелески редовно учествува на концерти во организација на ДМУ – Битола, забележувајќи одлични настапи.
Концерт на талентираниот Арсениј Ангелески во Скопје
previous post