НУ Народен театар Битола, Културниот и информативниот центар КИЦ, Центарот за култура, се дел од манифестацијата „Месец на франкофонијата во Битола“. Во текот на овој месец Битола ќе пулсира во духот на француската култура, јазик и уметност, преку богата програма од културни настани.
Францускиот институт во Скопје, Француската Aлијанса , Француското Конзуларно претставништво, Фестивалот ТАНЦ-ФЕСТ и НУ Народен театар Битола имаат чест да ве поканат на првиот од настаните, танцовата претстава: „F_AI_LLE“ на групата K.Danse, која ќе се одржи во петок 13. март 2026., од 20 ч. Оваа претстава го истражува дијалогот помеѓу човечкото тело и вештачката интелигенција со помош на сензори кои го читаат движењето на танчерите во реално време и создаваат аудио-визуелни форми кои постојано се менуваат.
Не пропуштајте ја оваа неверојатна претстава која ги соединува танцот и дигиталната уметност. Билетите се бесплатни и се во ограничен број и затоа ќе важи принципот прв ,,дојден прв услужен,,. Билетите ќе бидат достапни онлајн и на билетарница од понеделник, 9.март.
Јубилејната прослава во месецот на Франкофонијата ќе се одржи во вторник, 31.март во Центарот за култура Битола со почеток од 19 часот. Следуваат деновите посветени на францускиот филм, настан кој ќе се одржува од 6. до 9. Април во Центарот за култура и од 16. до 22.април следува Малата школа за кратки филмови. Веќе на 16. Април со почеток од 19 часот во Битолскиот театар ќе се одржи концертот на Карим Блал, настан во рамките на Џез фактори фестивалот. На 19.04 следува концертот на Анже Хелмштетер и Јордани Торес Маиани во КИЦ Офицерски дом Битола, со почеток од 19.30. Културните институции во Битола истакнуваат дека се горди што се дел од оваа приказна. Настаните се одржуваат со поддршка на општина Битола.Во прилог погледнете ја целосната програма на манифестацијата.


