Home » Изложба по повод 40 години Чоканче

Изложба по повод 40 години Чоканче

by culturalchat

На 15 .октомври со почеток од 19.30 часот во Фоајето на НУ Центар за култура Битола, ќе биде презентирана изложбата 40 години Чоканче. Рок приказна што ја напишаа членовите на оваа легендарна битолска група.
Од првиот настап на 12 март 1983 година на „Рок Парадата“ во салата на кино „Партизан“, па сè до денес — Чоканче останува симбол на битолскиот бунт, енергија и музичка автентичност. Со авторски песни снимени за Радио Битола и МРТ, со бројни настапи и искрена љубов кон публиката, групата повеќе од четири децении ја чува својата искра жива.
Посетете ја изложбата на фотографии и запознајте ја приказната на една генерација што го промени звукот на градот.

Related Articles