Home » Изложба на Сашо Ставрев за 90 годишното постоење на ПСК „Пелистер“

Изложба на Сашо Ставрев за 90 годишното постоење на ПСК „Пелистер“

by culturalchat

По повод 90 годишното постоење на Планинарско Спортскиот клуб „Пелистер“ Битола, ќе биде организирана пригодна програма која започнува денес со почеток од 19 часот, во Офицерскиот дом, со отворањето на фото изложбата на планинарот и фотограф Сашо Ставрев  „Континуитет на ПСК Пелистер“. Челниците на клубот ќе доделат благодарници и пофалници на неколку институции кои допринеле за развојот и опстанокот на ПСК „Пелистер“.Програмата продолжува на 11 декември (четврток), од 19.00 ч. во Народниот театар Битола со презентација на д-р. Сашко Кедев „14 x 8.000 метри“. На 14 декември (недела) во соработка со ФПСМ и ЈУНП Пелистер ќе се одржи планинарската пешачка тура од с. Цапари до Инфо-центар на НП Пелистер, „Денот на планината“. Организатор ПСК Пелистер Битола.

 

Related Articles