Home » За значењето на јазичните кампови, интервју со Ана Жежовска

За значењето на јазичните кампови, интервју со Ана Жежовска

by culturalchat

„Голема одговорност е да однесеш 50 ученици во Германија, со цел да го практикуваат и засакат германскиот јазик и пред сѐ да ги вратиш живи,здрави и среќни! Но чувството е неописливо! Им благодариме на сите родители за довербата! Центар Мотив и Едукативниот Центар Едусфера се горди на своите ученици, за кои веруваме дека ќе израснат во прекрасни личности и ќе го направат светот уште поубав“, вака го започна разговорот со нас професорката по германски јазик Ана Жежовска, а по повод летниот јазичен камп. Истиот беше организиран   во Штутгарт, Германија со тема: In einer fremden Stadt/Во непознат град.

Одржувани беа теоретски и практични работилници во автентични ситуации каде учениците имаа можност наученото практично да го утврдат. Игрите и предизвиците за развој на социјалните компетенции направија сите ученици да се сплотат во една голема прекрасна група . Да се биде учител е навистина одговорна задача. Треба да се внимава на зборовите, постапките и делата. Бидејќи еден куп  љубопитни дечиња, деца и тинејџери постојано те набљудуваат и те следат.

„Да се биде учител за мене не е само предавање на граматика и вокабулар. Учител е една прекрасна професија со која имаме можност да го менуваме светот. И ова не се празни зборови. Јас сакам и се обидувам моите ученици да ги научам да се прифаќаат, да се сакаат, да се толерираат, да си помагаат, бидејќи покрај германски јазик убаво е да знаат и што се емпатија, вистинско другарство и суштински вредности“, вели Жежовска а за кампот додава:

„После две години пауза, поради корона пандемијата конечно успеавме повторно да го реализираме летниот јазичен камп со тема: In einer fremden Stadt или на македонски: Во непознат град. Учениците добиваа најразлични задачи и предизвици на најразлични места низ градот во ресторан, на пазар, на железничка станица, во шопинг центар и со голема радост и посветеност успешно ги реализираа“.

Што се посетивте за време на јазичниот камп?

А.Ж.- Направивме еднодневни екскурзии во Виена, Нови Сад и Белград , а 4 дена престојувавме во Штутгарт.

Колку ученици беа дел од кампот?

А.Ж.- 40 ученици од Едукативен Центар Едусфера и бевме присутни само учесници од Македонија.

Што значат ваквите кампови за учениците?

А.Ж.- Летниот камп има за цел преку најразлични работилници и предизвици да ги зајакне социјалните и јазичните вештини на учениците. Сето она што учениците го учат во училница практично да го употребат во германско јазични градови. А исто така се поттикнува и згoлемува нивната солидарност, емпатија, дружељубивост и чувство за припадност кон група.  На вакви кампови учениците се осамостојуваат , а искуствата кои ги стекнуваат се паметат долго.

Да се биде учител е навистина одговорна задача. Треба да се внимава на зборовите, постапките и делата. Бидејќи еден куп  љубопитни дечиња, деца и тинејџери постојано те набљудуваат и те следат.

Што значат овие кампови за тебе како професор?

А.Ж.- Лично за мене ова беше огромен предизвик и одговорна задача. Чувствував одговорност да ја оправдам довербата на родителите и очекувањата на учениците. И сметам дека успеав. Исто така летниот камп за мене беше креативен крик, енергетски бустер кој ќе ме одржува мотивирана и секако професионално надоградување.

Ана ја препознаваат битолчани како писател, дел од актерска група, активист. Колку Ана се пронајде во улогата на професор?

А.Ж.- Оваа професија е прекрасен начин да се направи светот подобро место за живеење и да се вложува секојдневно во подобра иднина! Па јас сум среќна што преку квалитетно формално и неформално образование секојдневно вложувам во подобра иднина! Teaching is my superpower!

 

 

 

 

 

Related Articles