Home » Започнаа пробите за новата Бадникова Поворка во Битола

Започнаа пробите за новата Бадникова Поворка во Битола

by culturalchat

Полека, но сигурно, дојде времето кога Битола оживува во најубавата зимска приказна. Веќе започнаа подготовките за новата Бадникова Поворка. Вредни мали рачиња создаваа магија од едно парче хартија, исполнувајќи го просторот со насмевки и креативна енергија.„Со нетрпение ги очекуваме и на следните проби, каде што заедно ќе продолжиме да создаваме уште поубави моменти“, истакнаа организаторите.
Оваа Поворка стана симбол на љубов, единство и вера. Новиот слоган за оваа година е
„Со Божиќната радост, срца да стоплиме“, слоган што шири љубов до секое срце. Битола и годинава ќе ја има својата Бадникова Поворка, со која ќе се најави Христовото Раѓање.

Related Articles