Со многу смеа, аплаузи, одлични актерски остварувања и незаборавни фестивалски вечери, во НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово заврши 29. Македонски театарски фестивал „Денови на комедија 2026“. Деновите на комедијата и годинава го претворија Куманово во центар на театарската комедија, собирајќи на едно место врвни актери, режисери, автори и театарски екипи, но пред сè – многубројна публика која со громогласен аплауз ги награди фестивалските претстави.
Најдобрите беа наградени, па така наградите отидоа кај:
НАЈДОБАР АКТЕР
Висар Етеми – за ликот на кројачот во претставата „Првиот господин“ Teatri Shqiptar
НАЈДОБРА АКТЕРКА
Александра Срчаџиева – за ликот на Сандра во претставата „Кревет за двајца“ Сатиричен театър “Алеко Константинов”
НАЈДОБРА СПОРЕДНА МАШКА УЛОГА
Никица Јанковски – за ликот на Симон во „Смрт на погребот“
Давид Илиќ – за ликот на Давид во „Смрт на погребот“ Театар Куманово.
НАЈДОБРА ЖЕНСКА СПОРЕДНА УЛОГА
Нина Елзесер – за улогата на Луси во претставата „Болва во уво“ Драмски театар Скопје
НАЈДОБАР МЛАД АКТЕР
Марјан Наумов – за ликот на Миле во претставата „Болва во уво“
НАЈДОБРА КОСТИМОГРАФИЈА
Андреј Георгиевски – за костимографијата на претставата „Секстет“
НАЈДОБРА СЦЕНОГРАФИЈА
Дуња Костиќ – за сценографијата на претставата „39 Степеника“
НАЈДОБРА РЕЖИЈА
Марјан Георгиевски – за претставата „Секстет“ НУ Народен Театар Битола
НАЈДОБРА АКТЕРСКА КОЛЕКТИВНА ИГРА
🎭 Колективот на актерите од претставата „Аматери“ НУ Театар Комедија
НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА
🎭 „39 Степеника“ Народно позориште Источно Сараево.
„Голема благодарност до сите театри, актери, режисери, автори, фестивалски соработници, медиуми, партнери и спонзори кои беа дел од овогодишното издание. А најголема благодарност до публиката на Куманово – затоа што без вас, без вашиот аплауз и без вашата љубов кон театарот, „Денови на комедија“ не би биле она што се – празник на смеата и театарот. До следното издание – да живее театарот, да живее комедијата“, истакнаа организаторите.
Фотографии: Никола Ивановски и efto photography.
