Светската премиера на филмот “Ефтеркланг: Македониум бенд”, во режија на Андреас Јонсен, а во продукција на Младинскиот културен центар- Скопје, и Rosforth и Rumraket, се одржа на фестивалот за документарен филм “CPH:DOX”, во Копенхаген – Данска, кој важи за еден од најголемите во светот. Музичкиот документарец што се снимаше во текот на април 2023, претставува патување на групата Ефтеркланг во потрага по македонски музичари, со цел составување на голем ансамбл и нивен заеднички перформанс пред споменикот “Македониум”, во чест на овој архитектонски симбол на македонската слобода и независноста.Премиерата на филмот беше проследена со уникатен концерт на ансамблот “Ефтеркланг: Македониум бенд”, во кој членуваат 22 македонски музичари. Во рамките на концертот, беа отсвирени најпознтите песни од бендот, но и македонски песни и џез стандарди во препознатливиот народен ритам. Филмот ја заокржува истражувачката потрага на овој дански состав на прекрасен, непосреден и шармантен начин, преку патувачка турнеја низ Македонија. Во тој процес на регрутација на членови за новиот супер состав наречен “Ефтеркланг : Македониум бенд”, нивен водич и локална инспирација е уредникот на музичка програма во МКЦ, Владица Младеновски- Грга, кој е нивен пријател и посредник во целата авантура. Младински културен центар се јавува во улогата на продуцент, преку својата логистичка и организациска поддршка на целиот проект.Режисерот на филмот Андреас Јонсен, е наградуван дански документарист, чиј филм “Ai Weiwei: The Fake case” го отворил изданието на истиот фестивал “CPH:DOX” во 2013 година. Покрај бендот Ефтеркланг, во оваа музичка формација се вклучени и Женскиот младински хор при МКЦ, со 16 хористки, музичарите Стефче Стојковски, Дејан Спасовиќ, Дина Јашари, Ива Дамјановски, Мартина Баракоска и Јане Трајковски.Инспирацијата од Крушево, од монументалноста на споменикот “Македониум”, кој што покрај државотворната симболика, буди и чувства на уметничка независност и израз, беше токму вистинската линија за нарација на целиот филм. Повеќе од 1.000 гледачи ги проследија двете распродадени проекции, а домашната премиера ќе ја има на отворањето на 23. издание на фестивалот на европски филм Синедејс во Скопје на 11 јули, кога ќе настапи и целокупниот ансамбл.
“Ефтеркланг: Македониум бенд” најгледан на фестивалот во Копенхаген, Данска
previous post