После прекрасниот свечен концерт за отворање со извонредниот талент Лара Арбајтер од Србија и исклучителните Маргарита Вујовиќ ( пијано) и Анастасија Холц ( сопран), после три денови поминати во споделување на незаборавни музички моменти, дружење, насмевки и сеќавања кои остануваат засекогаш, заврши петтиот Пијанофест 2023.
Натпреварувачите на Пијанофест оваа година ги оценуваше меѓународна жири комисија во состав: Маргарита Вујовиќ (Србија/Русија), Мирела Туше Вонгли (Албанија) и Катерина Кетковиќ Фидановска – пијано и соло пеење: Анастасија Холц (Србија), Маја Митровска (Македонија), Александра Коцевска (Македонија).
На 5-то издание учесниците се натпреваруваа во дисциплините пијано соло и пијано дуо. Оваа година Пијанофест освен овие дисциплини беше збогатен со уште една – соло пеење. Учесниците беа поделени во категории од 6 години па нагоре, според возраста и тоа во 8 категории во дисциплината пијано и 6 категории во категоријата соло пеење.
Оваа година на Пијанофест учествуваа 120 учесници од 8 земји.
„Благодарност до сите талентирани учесници од Македонија, Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Полска, Ерменија и Бугарија, како и до нивните професори и родители, кои што со своето присуство ни го направија натпреварот одличен и го раздвижија нашиот град, воодушевувајќи се на неговата убавина“, истакнуваат организаторите, здружението на пијанисти и музички педагози Пијано Битола.
За Лауреат на Пијанофест 2023 е прогласен Јурген Алиа ( Албанија) кој што добива финансиска награда и концерт на следниот Пијанофест 2024.
Наградата The most perspective artist беше доделена на Саманта Шпата, родена 2012 год.
Наградата за најдобро изведено македонско дело доделена беше на Јана Блажеска ( соло пеење). Таа ја доби и наградата Лауреат во дисциплината соло пеење и доби парична награда.Останатите наградени ученици од класите по соло пеење на проф.Магдалена Наумоска и проф.Маја Митровска од музичкото училиште се: Ангела Костовска I награда, Ена Крстеска I награда, Марко Марковски I награда, Симона Ангеловска II награда,,Ангела Стојанова II награда, Климент Ристески I награда, Кармен Гемту II награда, Матеа Стојаноска I награда.
Во дициплина пијано од Државното музичко училиште наградени се: класа проф.м-р Марија Шамоска Буџаковски: Ѓуровска Марија 2 одд. Прва награда, Сара Николовска 2 одд. Прва награда, Фотина Наумоска 5 одд. Прва награда, Јане Петровски 5 одд. Прва награда, Изабела Ѓеоргиев 7 одд. Прва награда, Лина Кулевска 7 одд. Втора награда.
Пијанофест се одржа со поддршка од Министерството за култура на Македонија, Општина Битола, КИЦ – Офицерски Дом – Битола и Државно Музичко Училиште – Битола. Битола со овој настан уште еднаш покажа дека со право го носи епитетот ГРАД НА КЛАВИРИТЕ.
Битола го заслужува ова, Битола го заслужува ПИЈАНОФЕСТ.
Фотографии: Диоген Хаџи Коста Милевски