Home » Денес на Шекспир фестивалот: „Ромео и Јулија“ на театарот од Зрењанин, Србија

Денес на Шекспир фестивалот: „Ромео и Јулија“ на театарот од Зрењанин, Србија

by culturalchat

На последната вечер од годинешното издание на Шекспир Фестивалот ќе биде изведена претставата „Ромео и Јулија“на Народниот театар „Тоша Јовановиќ“ од Зрењанин, Република Србија. Претставата е во режија на Никола Завишиќ, драматург е  Кристина Бојаниќ, костимографија: Марина Сремац. Композитор: Горан Симоновски. Сценски борби: Дејан Карлечик. Играат:  Милан Колак,  Уна Ѓелошевиќ,  Стефан Јуанин, Дејан Карлечик, Љубиша Милишиќ, Милан Вуковиќ, Јелена Шнеблиќ Живковиќ, Драган Ѓорѓевиќ, Весна Вариќак, Првослав Заковски Милан Кочаловиќ. Инспициент:  Гордана Јефтиќ, суфлер Ивана Титин.Претставата е еден вид на емотивен пожар што носи се пред себе. Динамична, малку ексцентрична, со призвук на бајка од денешницата, оваа претстава ни ја прикажува познатата приказна за Шекспировите млади јунаци, релативно осовременета, притоа задржувајќи го возвишениот дух, со кого најпознатиот ренесансен писател повеќе од 400 години нѐ потсетува колку е љубовта силна. Со шеговит пристап кон темата, со костими и перики, кои јунаците на пиесата ги прават слични на јунаците на стриповите, со возобудливи сценски борби, водени со гротескно оружје за забава (пиштоли и пушки што прскаат вода), со мобилна сценографија, во намерно молневит ритам, брза монтажа на сцените, со ведри сонгови, претставата сака да ја покаже смислата на љубовниот занес, од една страна, и бесмислата на глупоста и омразата, од друга. И како што кажа режисерот на претставата, „таа е емотивен пожар, кој носи сѐ пред себе“, оваа сценска изведба, полна со пламени страсти и младешки жар, е инспиративна, пред сѐ, за младата публика, но и за сите други генерации вљубеници на Шекспировото творештво. Влезници можете да набавите од следниот линк на веб страната на НУ Народен театар Битола 🌐 https://narodenteatarbitola.com

 

 

Related Articles