Денес во рамките на Шекспир фестивалот ќе бидат изведени две претстави, „Хамлет- Денот на убиствата“ на Битолскиот театар и „Цезар“ на Катс Шахне театарот од Истанбул, Турција.Битолската претстава е од 20 часот. Истата е работена според пиесата на Бернар – Мари Колтес, а во режија на Марјан Неќак. Оваа претстава минатата недела ја доби наградата за најдобра претстава на Интернационалниот Фестивал „Инфант“ во Нови Сад, Р. Србија.Од 21.30 ќе биде прикажана турската претстава на Новата сцена. Истата е во режија на Сибел Абдиу. Влезници можете да набавите од следниот линк на веб страната на НУ Народен театар Битола:
https://narodenteatarbitola.com