Општина Битола, КИЦ – Битола и Здружението „Сумнал“ денес со почеток од 12 часот, во КИЦ Биттола, го организираат едукативниот настан „ДИГИТАЛНА ЗОНА – БЕЗБЕДНИ ТИНЕЈЏЕРИ, БЕЗ НАСИЛСТВО“, посветен на подигнување на свеста за дигиталното насилство, токсичните онлајн однесувања и безбедноста на младите во дигиталниот простор.
На настанот ќе се разговара за теми поврзани со:
• дигитална злоупотреба и онлајн уцени
• токсични врски и емотивни манипулации
• опасни трендови на социјалните мрежи
• малолетнички бракови и врските со дигиталниот свет
• поставување здрави лични граници
• поддршка, безбедност и системски механизми.
Во програмата ќе учествуваат:
• Градоначалникот на Општина Битола, д-р Тони Коњановски
• Спортистот Бранислав Ангеловски, македонски ракометен тренер и поранешен ракометар
• Психолог Наташа Беќирова, семеен терапевт од Женски центар за поддршка
• Претставници од Центар за социјална работа и СВР Битола
• м-р Михајло Силјанов, професор по спорт
• м-р Фатма Бајрам Аземовска – СУМНАЛ.
Настанот вклучува и интерактивна игра RED FLAG / GREEN FLAG, преку која учесниците ќе препознаваат здрави и ризични однесувања во дигитални и меѓучовечки релации.
„Со заедничка дискусија, искуства и практични совети, ќе создадеме безбеден простор за младите — онлајн и офлајн“, велат организаторите.
Денес во Битола: „ДИГИТАЛНА ЗОНА – БЕЗБЕДНИ ТИНЕЈЏЕРИ, БЕЗ НАСИЛСТВО“
previous post

