Home » „Декамерон“ на Мартин Кочовски го отвори 48.МОТ

„Декамерон“ на Мартин Кочовски го отвори 48.МОТ

by culturalchat

Со претставата „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје започна 48. издание на Млад отворен театар – МОТ. На програмата на годинешното издание, што ќе се одржува до 18 ноември, има вкупно 29 театарски настани, претстави, работилници, промоции и мастерклас-предавања.

„Декамерон“ е претстава полна живот. За жал, секојдневието не е.

„Специфичната природа на односи, која ни е зададена во овој период, само ги извлече на површина проблемите на општеството што сме ги имале. Изолираноста на индивидуата, отуѓувањето по секоја основа и класната поделба сега станаа видливи, но постоеле со децении. Истовремено, универзалната тага, солидарноста, сочувството, нè поврзаа сите уште еднаш. Претставата „Декамерон“ стои на хуманистичката платформа на Џовани Бокачо и зборува за човековата волја за живот, радоста од „сега и тука“, за нашата кревкост, но и за силата на човечкиот дух низ ефемерноста на среќата и поуките на трагичноста“, вели Кочовски.

 

Драматизацијата на претставата е на Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, сценографијата е на Филип Јовановски, костимографијата на Јулијана Војкова-Најман, за музиката е задолжен оркестарот на театар „Војдан Чернодрински“ под водство на Пеце Трајковски-Брада, додека вокал и музички соработник е Ана Митоска. Во претставата играат Александар Степанулески, Наташа Ачански, Здравко Стојмиров, Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Марија С. Илијеска, Ангела Наумоска, Игор Трпчески, Михајло Миленкоски, Андон Јованоски – Ашата, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Цветанка Чавлеска, Сара Спиркоска и Леонардо Лазов.

Претставата „Декамерон“ стои на хуманистичката платформа на Џовани Бокачо и зборува за човековата волја за живот, радоста од „сега и тука“, за нашата кревкост но и за силата на човечкиот дух низ ефемерноста на среќата и поуките на трагичноста.Со изведбата на претставата “Декамерон”,во режија на Мартин Кочовски, се одбележа  73 годишното постоење на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“.

Во програмата на МОТ оваа година се:„Браќа Карамазови“, во режија на Оливер Фрљиќ на „Загребско казалиште младих“ – ЗКМ од Хрвстаска, „Омаж за Каталин Ладик“ од театарот од Словенија, во режија на Ирена З. Томажин, Јуле Флирл.

Како дел од ова програма, меѓудругото, премиера ќе има и претставата „Поол“ во режија на Шенај Мандек, а во копродукција меѓу минатогодишните добитници на наградата „Биш“ – „Артопиа“ и „Хибрид“. Исто така, ќе биде прикажана и претставата „Геа“ во продукција на „ErosAntEros“ од Италија, меѓународна копродукција во која учествува и МКЦ/МОТ фестивалот, а која е реализирана како најдобар проект на EFFEA-програмата за 2023 година. Во рамките на официјалната програма се уште и продукции од Естонија, Словенија, Германија, Чешка, Турција и Македонија.

Од 16. до 18. ноември, на сцената во Железничката зграда во Скопје ќе биде претставен перформансот/театарската инсталација во три дела „Градот како сцена II – приказна за шетачот“ на Филип Јовановски. На 17. ноември ќе се изведе претставата „Евангелие по Ф.М. Достоевски“ во режија на Јернеј Лоренци, а во изведба на Српски народен театар од Нови Сад, Србија.

Мастерклас ќе одржи долгогодишниот продуцент и менаџер за турнеи на Словенечкото младинско гледалишче од Љубљана Душан Пернат, насловен „Скриената улога на продуцентот“. Како дел од придружната програма е промоцијата на монографијата за Коле Чашуле на проф. Ана Стојаноска, работилницата на режисерот Мираз Метин, а во соработка со „Локомотива“ од Скопје ќе биде реализирана и дискусија – кураторски разговори „Институција која недостасува / Дијалог кој недостасува“.

МОТ и оваа година ќе ја доделува наградата „Биш“, како дел од заложбите на фестивалот за поддршка и промоција на домашната независна сцена.

Related Articles