Home » Две награди за „Северен пол“ на интернационални филмски фестивали

Две награди за „Северен пол“ на интернационални филмски фестивали

by culturalchat

“Северен пол” на битолчанката Марија Апчевска, е добитник на две награди за најдобар краток филм и тоа на 20-то издание на Ischia Film Festival, кој се одржува во Искја, Италија и на 9-то издание на Башта фест, српскиот фестивал кој се одржуваше во Баина Башта од 30-ти јуни до 3-ти јули. Исто така доби номинација за најдобар краток филм на 2-то издание на францускиот International Children Care Film Festival кој се одржуваше во Париз од 26-ти јуни до 2-ри јули како и номинација во интернационална конкуренција за најдобар краток филм на 20-то издание на Manlleu Film Festival кој се одржува од 5 до 10 јули во Шпанија.

Претходно меѓународното жири на Mecal, Festival Internacional de Cortometrajes y Animación de Barcelona, составено од Лаура Аземар, Сергеј Станојковски и Серж Абиад, одлучи да ја додели Grand prix наградата во интернационалната компетиција токму на „Северен пол“. Како и минатите така и оваа година Mecal, Festival Internacional de Cortometrajes y Animación de Barcelona подготви програма со најдобрите кратки филмови од националните и меѓународните сцени, програма која ги собра најновите и најквалитетните дела од меѓународната сцена, избрани беа од повеќе од 4.500 пријави, добиени од 110 земји од целиот свет. Оваа година фестивалот го славеше своето 24-то издание, кое се одржa од 24-ти март до 11-ти април во Барселона, Шпанија.

Марија оваа година беше дел од програма на Берлинале таленти, програма која го одбележа својот 20-ти роденден. „Северен пол“ во продукција на Кино Oко, ja освои и главната награда на 63-то издание на ZINEBI – Bilbao International Documentary and Short Film Festival ZINEBI. На фестивалот беа пријавени 3500 филмови.

Приказната на „Северен Пол“ е приказна за прифаќање и меѓуврснички притисок, раскажана низ очите на 16годишната Марго, која ја игра Антонија Белазелкоска. Ја обработува темата на припадност, но повеќе во форма на прашање – што сега, каде сега, отколку во форма на одговор.

Сниман на локации во Скопје и Македонска Каменица. Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, монтажер Драган вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуќа, а кастинг-директор Киријана А. Николоска. Филмот е копродукција помеѓу Македонија и Србија. Продуцент на филмот е Роберт Насков, копродуценти Милош Љубомировиќ и Горан Тодориќ. Сценариото за „Северен Пол“ беше едно од 16те избрани за развој на European Short Pitch, каде последната фаза беше јавното преставување на проектот пред публика од продуценти во Брест.

Македонската премиера беше во рамките на ИФФК. Браќа Манаки, а промоциите по реномирани фестивали продолжија и тоа на Сараевскиот филмски фестивал, фестивалите во Италија, и други. Овој филм е сниман на 16 милиметарска филмска лента. Филмот беше избран во програмите на фестивалот во Талин, потоа на фестивалот во Швајцарија , на јубилејното 25 то издание, во Шведска на фестивалот кој се одржуваше од 10 ти до 21 ноември, беше прикажан на Лондонскиот фестивал за краток филм и други.

Овој филм ја потврди високата позиција на Македонија на светската мапа од филмската уметност и ги отвори вратите на македонската кинематографија на еден од најреномираните филмски фестивали, Канскиот.

 

 

Related Articles