На 1.Ноември, петок во Центарот за култура во Битола, ќе се одржи 32. Издание на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“.
Од избраните филмови во официјална конкуренција, а според Правилникот и пропозициите, жирито оваа година ги додели следните награди:
- GRAN PRIX наградата „Плакета Милтон Манаки” за најдобар филм на фестивалот му се доделува на филмот „Формула на љубовта“ на авторите Ноела Нечкоска и Рената Петревска-Нечкоска од Македонија,
- „Златна камера 300“ за филмот „Мојот сончев сон ја чека вечноста“, од авторот Славен Костов од Бугарија,
- „Сребрена камера 300“ за филмот „Јубилеј“ на авторот Бојан Петровски од Шведска,
- „Бронзена камера 300“ за филмот „Приказна од Комангуе“, од авторот Јирген Ричарс од Германија,
- сребрен медал на UNICA му се доделува на филмот „Традицијата продолжува “ од авторот Диме Талевски од Македонија,
- Плакета на Општина Битола за најдобра камера на авторот Дејан Младеновиќ од Македонија, за документарниот филм за Димче Миновски,
- Плакета за режија „Драги Савевски“ на авторот Николај Скерлев од Бугарија за филмот „Кутија од соништата “,
- Плакета за монтажа на авторот Бојан Петровски од Шведска, за филмот „Јубилеј“,
.9. Плакета за идеја „Стево Сидовски Сидо“на авторите Миа Панов и Дејан Панов од Македонија, за филмовите „Бродот Титов Велес “ и „Илинденка“,
- Плакета за репортажа на авторот Љупчо Паунковски од Македонија за филмот „Охридските пливачки легенди“.Стручното жири одлучи да бидат доделени и Специјални награди-плакети на авторите Нико Вестерхоф и Маршал Усингер од Холандија за филмот „Последните домови на Бергервеси“, на авторот Николја Скерлев од Бугарија за филмот „Бесмртност на камен“.