Home » Гимназијалците од „Јосип Броз–Тито “од Битола, го посетија Хачико-прифатилиштето за кучиња

Гимназијалците од „Јосип Броз–Тито “од Битола, го посетија Хачико-прифатилиштето за кучиња

by culturalchat

Група ученици од Гимназијата „Јосип Броз–Тито “од Битола, предводени од професорот по право Зоран Ѓуровиќ, воедно и познат активист за правата на животните и љубител на бездомните кучиња, го посетија прифатилиштето за кучиња, Хачико. На оваа едикативна дружба се приклучија и активисти од Битола, кои несебично го споделија своето искуство и знаење со нашите млади сограѓани.Низ отворена дискусија и прошетка на кучињата ги запознаа младите посетители за тоа
– Што подразбира одговорното сопствеништво,
– Зошто е важно да бидеме одговорни и никогаш да не го напуштиме сопствениот миленик,
– Зошто да се вдоми, а не да се купува куче,
– Кои се нашите права, но и одговорности како сопственици на миленици,
– Како да се однесуваме кон бездомните животни на улица,
– Зошто имаме толку многу бездомни кучиња на улиците,
– Како секој од нас може да придонесе за намалување на бројот на бездомни кучиња на улиците,
– Што значи волонтеризам и придонес кон заедницата,
– Како низ сопствениот пример да се биде поттик на некој друг.„Веруваме дека за решавање на проблемот со бездомните кучиња е важно да се влијае на најмладите, па затоа апелираме ваквата активност на професорот Зоран Ѓуровиќ да биде поттик и ги охрабруваме и останатите просветни работници да го следат неговиот пример. Целта на оваа негова посета, е и наша цел и цел на сите активисти: – Преку вакви активности да се врши едукација и да се зголеми свесноста за одговорното сопствеништво, да се разговара за теми како ненапуштањето на милениците, стерилизација и соодветната грижа за истите, а преку тоа и да се придонесе кон долгорочно решавање на проблемот со бездомната популација на кучиња во Битола, но и во земјава“, изјавија од прифатилиштето.
Животните се свесни и чувствителни битија и треба да ги сметаме како дел од нашите семејства.

Related Articles