Home » Гете-институт го носи дуото Јордан Костов и Андреас Гинтер во малата сала на Филхармонија

Гете-институт го носи дуото Јордан Костов и Андреас Гинтер во малата сала на Филхармонија

by culturalchat

Гете-институт Скопје го најавува концертот „Times of Turbulence“, кој ќе се одржи на 20 ноември од 20:00 часот во малата сала на Македонската филхармонија. На сцената заедно ќе настапат двајца врвни музичари чија соработка има силна меѓународна димензија: Јордан Костов (акордеон, С.Македонија) и Андреас Гинтер (пијано и саксофон, Германија).Соработката меѓу Костов и Гинтер започна во Шангај во 2016 година, каде што двајцата беа дел од локалната музичка сцена и од мрежа на уметници од целиот свет. Од таа средба произлегоа бројни заеднички настапи во Кина, Јапонија, Германија, Босна и Македонија, како и учества на реномирани фестивали меѓу кои. Во нивните настапи, импровизацијата е основен јазик, а музиката е простор за слобода, дијалог и културна размена. Концертната програма „Times of Turbulence“ е инспирирана од патувањата, средбите и уметничките искуства на двајцата музичари. Во нивната музика се чувствуваат влијанија од различни земји и традиции, но и потребата да се зачува човечката блискост во време на брзи промени.

“Акордеонот, пијаното и саксофонот се во постојан разговор: час смирени и длабоки, час немирни и остри создавајќи звук кој ја отсликува нашата современа турбулентност, но и можноста уметноста да ја смири.” – ќе кажат уметниците за својата програма. Концертот е со слободен влез.

Related Articles