Home » Врвна холандска елеганција со Гудачкиот квартет на Концертгебау

Врвна холандска елеганција со Гудачкиот квартет на Концертгебау

by culturalchat

На сцената на „Охридско лето“, публиката ја доживеа Холандија низ музика со настапот на Гудачкиот квартет на Кралскиот Концертгебау оркестар и специјалниот гостин Арно Питерс на кларинет.
Во тивкиот и возвишен амбиент на „Св. Софија“, Марк Даниел ван Бимен, Коралине Гроен, Санта Визине и Борис Недјалков ја покажаа прецизната хармонија, емоционалната зрелост и музичката длабочина по која Концертгебау е светски познат. Со дополнителната боја на соло-кларинетот на Арно Питерс, концертот доби нова димензија како дијалог помеѓу нежноста и силата. Настапот беше од оние што не се забораваат – каде што сè е на свое место: уметноста, просторот и публиката што го препозна врвното.

Related Articles