Home » Во Битола се одржа Фестивалот за еко-мобилност

Во Битола се одржа Фестивалот за еко-мобилност

by culturalchat

Како дел од Еразмус + проектот „Еко-пријателска мобилност“ се одржа Фестивалот за еко-мобилност.Ученици и родители од завршните одделенија од основните училишта „Ѓорѓи Сугарев“, „Даме Груев“ и „Трифун Пановски“ – Битола  возеа велосипеди од спортската сала „Боро Чурлевски“ до Зоолошката градина. Потоа вотаму низ игра и песна се прослави Светскиот ден на животната средина, 5-ти јуни, со цел да се промовира концептот на еко-пријателска мобилност преку пригодна програма подготвена од учениците и наставниците.

На настанот беа присутни и родители кои го искажаа своето задоволство од целиот проект.

На крајот од настанот м-р Бојан Стефановски, директорот  на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – им ги додели  наградите на најдобрите  учесници на изложбата која беше дел од проектот, а воедно се доделија и благодарници на сите учесници.

Наградени ученици

1 награда:Леона Лазаревска, Филип Макаријоски, Мартин Кочанковски, Јована Радевска.

2 награда: Андреј Бошевски, Христина Ивановска, Анифе Џеловска.

3 награда:Мила Дрогишка, Јана Велевска, Томислав Атанасовски, Давид Атанасовски.

Менторите: Наташа Настевска, Гордана Јанкуловска, Катерина Солаковска, Наташа Тодоровска.

Настанот беше поддржан од Зоолошката градина – Битола, Ротари Клуб „Широк Сокак“ – Битола, здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“. Проектот е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку Еразмус + програмата на Европската унија.

 

Related Articles