Во рамките на проектот „Digital Inclusion for Roma Adults: Gaining Knowledge and Skills in eServices – DIRA /Дигитална инклузија на возрасни Роми: Стекнување на знаења и вештини за користење на еУслуги“ на 17.5.2024 година се одржа настан за дисеминација на создадената платформа за е-учење со цел стекнување на знаења и вештини за користење на достапните е-услуги во нашата држава. На настанот присуствуваа претставници од Општина Битола, Центарот за вработување – Битола, локални претпријатија и наставници, професори и претставници од ромската заедница. Платформата за онлајн учење содржи 6 курсеви, и тоа: – Курс 1: Персонален компјутер – работа и составни делови; – Курс 2.1: Работа со MS Word; – Курс 2.2: Работа со MS Excel; – Курс 2.3: Работа со MS PowerPoint; – Курс 3: Работа со Интернет и електронска комуникација – Курс 4: Работа со социјални медиуми – Курс 5: Платформи за онлајн учење и состаноци – Курс 6: Работа со платформи за е-услуги. Платформата е достапна преку линкот https://learning.diraproject.org/home
Главна цел на проектот е да се оспособат возрасните Роми и социјално исклучените лица да го користат потенцијалот на електронските услуги и да се вклучат во дигиталното општество. Ова им дава можност да бидат активни учесници во социјалниот, економскиот и културниот живот во нивните заедници.“Овој проект ми е во душа, оваа идеја беше на Нешат. Човек кој беше со идеите и времето може најмалку 10-15 години. Секој голем проект започнува со идеја, а идејата за „Digital Inclusion for Roma Adults: Gaining Knowledge and Skills in eServices – DIRA“ беше на мојот покоен сопруг, Нешат. Неговата визија и страст за подобрување на животите на возрасните Роми и социјално исклучените лица беа инспирација за овој проект кој стана мојот најомилен. Нешат веруваше дека секој човек, без разлика на етничката или социо-економската припадност, има право на пристап до образование и можност за развој на своите потенцијали. Тој го замисли овој проект како начин да се осигура дека и оние кои се најмаргинализирани во општеството ќе можат да се приклучат на дигиталната револуција и да ги користат придобивките на електронските услуги. Во својата визија, Нешат замислуваше платформа која ќе нуди различни курсеви, помагајќи им на луѓето да стекнат технички вештини и знаења за користење на е-услугите. Тој знаеше дека овие вештини не само што ќе им олеснат на луѓето во нивните секојдневни активности, туку и ќе им отворат врати кон нови можности за образование, работа и културно учество”, истакнува Фатма Бајрам Аземовска, претседател на Сумнал.Преку платформата за е-учење, учесниците стекнуваат не само технички вештини, туку и знаења за користење на различни е-услуги кои им се достапни во нашата држава. Овие вештини не само што ги олеснуваат нивните секојдневни активности, туку и ги воведуваат во светот на дигиталната комуникација и информатика, што може значително да го зголеми нивниот пристап до образование, работа и други важни ресурси. Важно е исто така да се истакне дека овој проект не само што ги подобрува животните услови на учесниците, туку и креира можност за подобрување на инклузивноста и диверзитетот во општеството. Секој човек, независно од неговата етничка или социо-економска припадност, има право на пристап до образование и можност за развој на своите потенцијали. Проектот е финансиран од страна на Националната агенција на Финска преку Еразмус + прогрматата на Европската Унија. Координатор на проектот е фондацијата „Деаконес“, партнери се организации од Италија, Србија, а од Македонија „Сумнал“ заедно со Факултетот за информациски и комуникациски технологии – Битола.