Во сабота на 25-ти јуни, во Офицерскиот дом во Битола, ќе биде презентирана првата самостојна изложба на Весна Дрогришка, каде ќе биде претставен дел од нејзината колекција на слики изработени во акрилна техника на дрво и платно.
На изложбата ќе биде изложен дел од нејзиното две годишно творештво во областа на ликовната уметност .
Изложбата ќе се одржи со почеток од 19:30 часот и ќе биде од изложбено-продажен карактер.
„ Во оваа прилика изразувам огромна благодарност до поддржувачите на настанот, компанијата Кромберг и Шуберт-Битола и мојата менторка проф. Анкица Стевановска “, истакна Весна.
Влезот е слободен за сите љубители на уметноста.