Пријателот на македонската песна, јапонскиот оперски првенец Казухиро Котецу, објави видео запис за песната „Ако умрам ил загинам“, изведена на годинешниот концерт во Битола во рамките на Интерфест, каде тој настапи во придружба на Камерниот оркестар од нашиот град под диригентска палка на Владимир Димовски.
На настапот во Центарот за култура, тој приреди вистински музички спектакал. Салата беше исполнета до последно место, атмосферата преполна со емоции.
Казухиро изведе оперски арии, но вистинската кулминација се случи со извадбата на „Македонско девојче“, „Ако умрам ил загинам“ и други.
Котецу живее во Токио и настапува во тамошната опера. Но, во исто време, тој е голем вљубеник во македонската музичка традиција. Досега ги има обработено и песните: „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Кога падна на Пирина“ , „Земјо македонска“ и други.
Големиот пријател на Битола, Казухиро Котецу, ни покажува колку цврсти и нерскинливи пријателства се градат преку уметноста и културата. Казухиро Котецу пред 10 години се вљубува во Битола, во македонската музика и оттогаш ја афирмира далеку, низ целиот свет.
Видео записот на следниот линк: