Home » Богата културна понуда во Културно информативниот центар во Битола

Богата културна понуда во Културно информативниот центар во Битола

by culturalchat

Културно информативниот центар во Битола со богата културна понуда за оваа недела. Во рамките на годишната програма на ЈОУ КИЦ Битола, а во духот на едукација на младите со културно-историското наследство на Битола и придонесот кон светската кинематографија, од денес па во наредниот период вo Кино Браќа Манаки ќе се прикажува наградуваниот документарен филм, „Манаки, приказна во слики“ на авторот Роберт Јанкуловски.

До крајот на оваа недела , поточно во Сабота на 08.04.23 ќе се одржат два респектабилни настани. Првиот настан е изложба на фотографии од Даниел Ѓурчиновски насловена како, „5 Години JFF Bitola“ со почеток во 12.00 ч. во Кристалната сала на Офицерски дом. Изложбата содржи автентични фотографии од музичките настапи на џез музичарите кои во изминатите пет години настапиле на битолскиот џез фестивал „Jazz factory fest“.

Програмската понуда продолжува со хуманитарно – музички настан, кој е соработка помеѓу Korunovska music & singing и Културниот информативен центар – Битола, концерт на единствениот Поп Рок хор во Македонија – BITVOX, со мото “Со музика за музика”. Собраните средства ќе бидат наменети за збогатување на инструментариумот на Државното музичко училиште – Битола.

Концертот ќе се одржи во сабота во Свечената сала на Офицерски дом со почеток во 19.00 ч. Концертот е веќе распродаден, а се очекува уште еден концерт на 11.04.23 на истото место во исто време.

 

Related Articles