Home » Битолчани одлични на „Глумците пеат“

Битолчани одлични на „Глумците пеат“

by culturalchat

Манифестацијата „Глумците пеат“,оваа година беше со тема- што би било ако Македонија биде домаќин на Евровизија во 2134 година, а се одржа во Македонската опера и балет . Ова, по 17 години возобновено шоу, чиј идеен творец е сега веќе покојниот актер Марин Бабиќ, а се одржува по повод светскиот ден на театарот, ги оправда сите очекувања на публиката, која со големи аплаузи ги поздравуваше учесниците, кои ги играа улогите на домашни и странски пејачи со 27 познати хитови. Шоуто се одржа По иницијатива на Маја Бабиќ и Ира Бабиќ (ќерки на актерот Марин Бабиќ).27 песни во изведба на 40 актери, поткрепени цврсто од музичари од биг бендот, предводени од Љупчо Мирковски. Секој настап беше убаво осмислен и со кореографија под водство на Олга Панго. Режисер на настанот беше Дејан Пројковски.На сцената помлади и веќе докажани актерски имиња како Весна Петрушевска која настапи со децата од нејзината актерска школа, Тања Кочовска, Калина Наумовска, Нина Деан, Гордана Ендровска, Рубенс Муратовски, Нина Елзесер, Наталија Теодосиевска, Жарко Димовски, Тина Трпковска, Арна Шијак, Жаки Стефковска, , Билјана Драгичевиќ- Пројковска, Дритон Вејсели, Бајрам Северџан и други. И секако тука беа и битолските актери : Петар Горко кој изведе дует со  Жаклина Стевковска.Најпејачот меѓу актерите Бојан Стојков со право ја имаше една од најдобрите изведби на Hold me Now.Софиа Насевска Трифуновска заедно со Тања Кочовска, успеаа да ја засмеат публиката до солзи. Тие ја изведоа Bandido (Azucar Moreno, 1990).Меѓу најуверливите во стајлингот и настапот беше Маја Андоновска-Илијевски, која ја донесе Тајчи на сцената и „Хајде да лудујемо“.Слушнавме домашни, екс ју и странски евровизиски песни меѓу кои „Проуд“ (Горда), ХХЛ и „100 посто те љубам“, „Life3 од Тоше Проески, но и групата „Рива“ со „Rock Me“, која на Југославија и донесе победа во 1989 година, „Нови фосили“, Жељко Јокисмовиќ, Руслана, групата „Атена“, „Ацукар морено“, Сертаб Еренер, АББА, Бурановские бабушки и многу други. Водители беа Миланка Рашиќ и актерот Горан Ников.

И како и на Евросонг се одржа гласање, кое секако на крајот место да победи најдобриот беше наместено, па откако на водителот му јавија „од горе“, победи Бајрам Северџан со песната од Тото Кутуњо „Заедно“ ((Insieme) со која побди во 1992, кој се одржа во Загреб и повика на обединување на Европа.

 

 

 

 

Related Articles