Home » Битолчаните Јане Петровски и Теона Буџаковска наградени во Србија

Битолчаните Јане Петровски и Теона Буџаковска наградени во Србија

by culturalchat

Минатиот викенд од 23-26 септември, во Белград, Р. Србија се одржа меѓународниот натпревар Angel Voice Classic.  Во дисциплината класична музика- инструментална изведба, се претставија и малите пијанисти од Битола, Јане Петровски и Теона Буџаковска. Двајцата се ученици во 5то одделение во Државното музичко училиште во Битола. Јане учи пијано во класата на професорката Марија Шамоска Буџаковски,  како дуо се под нејзино менторство, а Теона е во класата на проф.м-р Јана Четелева Белевска.

На овој натпревар настапија како пијано дуо и изведоа дела од Петар Илич Чајковски : Валцер и Роналд Комптон : Варијации. Теона и Јане освоија специјална награда од 100 поени, беа прогласени за лауреати на натпреварот, а добија и специјална награда од фондацијата “Thalia Art Development”.

Јане учи во ОУ. “Коле Канински”, а Теона во ОУ” Елпида Караманди”. И двајцата се одлични ученици и истакнуваат дека за да имаш успех и  во двете училишта, ДМУ и основните училишта во кои учат, треба навистина да се оддели време и да се посвети внимание, но ако нештото се сака од срце, ништо не е тешко и невозможно.

Овие талентирани дечиња кои имаат само 10 години, заедно свират веќе една година и велат дека заедничкото свирење во пијано дуо е различно од свирењето како солисти,  бидејќи кога се свири во дуо секогаш мора да дадеш се од себе како поединец, но сепак многу да го слушаш другиот и да звучите како еден – велат Теона и Јане. Тие изјавуваат дека заедничкото музицирање им овозможува и многу дружење и  пријателство, па затоа обожаваат да свират заедно.

Нив ова не им е прва награда. Минатата учебна година исто така добија прва награда на меѓународниот он лајн натпревар  “Сирмиум фест” во Р. Србија, како и специјална награда 100 поени на меѓународниот натпревар “Пјанофест” – Битола.

 

 

Related Articles