Давор Неќак од Риека преминува во ХНК Загреб. Младиот баритон, кој ја маѓепса загрепската публика како принцот Јелецки од „Пиковата дама“, на загребачкиот оперски фестивал, досега доби шест улоги во новата сезона на ХНК Загреб. Раководството на Операта реши да го покани Давор, баритонот од Битола, кој на публиката и е познат како успешниот солист на ХНК во Ријека.
„Пиковата дама“ е опера во три чина заснована на руско либрето, базирана на истоимената новела на Александар Пушкин од 1834 година. Битолчанецот Давор Неќак заедно со Роберт Колар наизменично ја играат улогата на грофот Јелецки.
Давор беше и претставник на Лајонс музичкиот натпревар „Томас Кути“ минатата година, натпревар наменет за млади музички таленти до 25 години и секоја година музичарите се натпреваруваат во една дисциплина.Токму Лајонс дистриктот 132 од Македонија го предложи младиот и талентиран Давор Неќак како претставник на овој натпревар.
Давор е роден е во Битола, а солист бешe на операта во Риека. Тој е добитник и на специјалната награда на Љубљанската опера. Музичкото образование го започнал како пијанист, а средното образование го продолжил во класата по соло пеење на проф. Маја Митровска.
Своите студии ги продолжува на Музичката академија во Загреб во класата на Влатка Оршаниќ . Веќе на третата година од студиите на академијата во Загреб, со 21 година положува аудиција во Загребачката опера и дебитира со улогата на Моралес во Кармен. Следуваат улогите: Меркуцио во операта „Ромео и Јулија“во продукција на Хрватскиот народен театар во Ријека, улогата на Пандолф во операта „Пепелашка“ во продукција на Музичката академија во Загреб, улогата на Колас во операта „Бастиен и Бастиена“ во продукција на ХНК. Вараждин, улогата на Ван Стин во оперетата „Моќта на љубовта“, во соработка со Риечкиот театар и Загребачката филхармонија, улогата на Мајорот во операта „Животинска фарма“во продукција на Музичката академија. Оперската басна на Куљериќ е комплексен проект под диригентска палка на Младен Тарбук, а во режија на Крешимир Доленчиќ. За изведбата на ова дело, Музичката Академија ја доби наградата „Ватрослав Лисински“, која ја доделува Хрватското друштво на композиторите за допринос кон хрватското музичко творештво.
Веќе како студент е добитник на бројни награди, меѓу кои 1-ва награда на меѓународниот натпревар во Словачка, Трнава – „Микулас Шнајдер Трнавски“, посебна награда на натпреварот ЗИНКА МИЛАНОВ, доделена од Љубљанската опера , номиниран е за Хрватската актерско-оперска награда во категоријата „исклучително оперско достигнување за млади уметници до 30 години“, за улогата на Пандолф во операта „Пепелашка“.
Неодамна го видовме во студентскиот „Амфитрион“ во улогата на Зевс.
За новиот ангажман за Јутарњи весник изјави:
„Ќе го пеам Моцарт што ме прави многу среќен бидејќи Волфганг Амадеус Моцарт е многу корисен за младите пејачи, а тој е композиторот кој најмногу ми одговара во овој момент од мојата кариера. Следно, ќе го играм Шанард во премиерата на „La bohème“ на Пучини, Маруло во „Риголето“ и во репризи мелничарот Симо во „Еро од оној свет“ како и Леви во „Никола Шубиќ Зрињски“. Не можам да се пожалам, сезоната ќе ми биде полна со одлични улоги“.