Home » Битола оваа пролет станува сцена на современиот танц

Битола оваа пролет станува сцена на современиот танц

by culturalchat

На 22-ри април во Офицерскиот дом, Битола ќе биде домаќин на дел од програмата на Танц Фест со почеток во 18:00 часот. „Денстех“ е програмска линија која го истражува пресекот помеѓу танцот, технологијата и дигиталните медиуми, нудејќи и на публиката уникатно искуство на современи танцови продукции во виртуелна реалност. Овие проекти ја отвораат сцената за нови форми на перформативна уметност, а настанот е за публика над шеснаесет годишна возраст. Уживајте и во свеченото затворање на 5 мај на „Танц фест“ на Скопје танцовиот театар и претставата „Будење“ на Рисима Рисимкин во Народниот театар Битола каде влезот ќе биде бесплатен, а влезниците се подигнуваат од билетарницата.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Општина Битола.

Related Articles