Home » Актерот и режисер Мартин Мирчевски добитник на наградата „4 Ноември“

Актерот и режисер Мартин Мирчевски добитник на наградата „4 Ноември“

by culturalchat

На Свечената академија по повод одбележувањето на 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, традиционално беа доделени наградите на поединци и институции за едногодишни достигнувања, како и највисоката општинска награда за животно дело.Актерот и режисер во Народен театар Битола, Мартин Мирчевски, е добитник на едногодишна награда „4 Ноември“ – признание за неговиот уметничка работа, талент и посветеност.
Во изминатата година, тој освои две престижни награди и на сцената остави силен впечаток со зрел актерски пристап и искрена енергија која ја препознава и публиката и критиката.

„ Горди сме на нашиот Мартин Мирчевски.
Честитки, твојот успех е гордост на целиот наш театар“, истакнаа од Битолскиот театар.

 

Related Articles