Home » Објавен конкурсот „Цртај на македонски јазик“ на Министерството за култура

Објавен конкурсот „Цртај на македонски јазик“ на Министерството за култура

by culturalchat

Министерството за култура на Република Македонија објавува конкурс „Цртај на македонски јазик“. Со истиот ги поттикнуваат младите на инвентивност и свежина во изразот.

„ Го започнавме конкурсот пред две години и резултатите и делата што ги добивме нè насочија да ја продолжиме оваа активност што на младите им отвора простор за реализација на нови идеи и уметнички форми преку кои се афирмираат македонскиот јазик и кирилското писмо“, се вели во соопштението на  Министерството за култура.

Конкурсот е отворен до 26-ти февруари, а е наменет за млади автори и уметници од независната културна сцена. Избраните проекти ќе се реализираат во периодот од 30 март до 31 мај.

Повеќе информации за конкурсот може да најдете на:

https://kultura.gov.mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d1%83%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be-%d0%b2%d0%be-%d1%84%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf-2/

Related Articles