Home » Талентираниот Ајдин Османовиќ ја изведе „Македонско девојче“ на првиот солистички концерт

Талентираниот Ајдин Османовиќ ја изведе „Македонско девојче“ на првиот солистички концерт

by culturalchat

Талентирано момче Ајдин Османовиќ од Сребреник ја изведе „ Македонско девојче“ на концертот во Тузла, настан кој беше организиран во рамките на „Денови на БКЦ“, со кој Босанскиот културен центар на кантонот Тузла одбележува 26 години од работата и 69 години од формирањето на Работничкиот дом „Моша Пијаде“.

Концертот  ги исполни очекувањата на близу 500 посетители во големата сала . Момчето со бисерниот глас, како што веќе го карактеризираат бројни медиуми во регионот, на својот прв солистички концерт се претстави со 17 песни од различни жанрови во придружба на неговиот ментор професор Јасмин Брашњиќ на пијано и програма збогатена со стихови изведени од актерот Хазим Мујчиновиќ.

Ајдин изведуваше песна по песна од традиционални македонски и српски до севдалинки, староградски и популарни поп песни, пренесувајќи ги своите и емоциите од песните на публиката, која му аплаудираше, му даваше овации, пееше со него, но и плачеше.Публиката со своите мобилни телефони подготви „ѕвездено небо“ за патувањето на Ајдин од првиот концерт до ѕвездената кариера.

На концертот тој покрај „ Македонско девојче“ ја испеа и „Зајди зајди“, но и многу други македонски песни.

 

 

Related Articles