53.издание на фестивалот „Илинденски денови“ се ближи кон својот крај. Над 1.200 гости од Ирска, Италија, Мексико, Чиле, Грузија, Хрватска, Србија, Бугарија и Македонија настапуваат на многу локации низ градот, претворајќи ја Битола во отворена сцена.
“Илинденски денови” отсекогаш бил отворен круг за уметници, љубители на традицијата, нови кадри.
За гостите на фестивалот во текот на неделното претпладне беше организиран голем Интернационален фолклорен пикник со храна, музика, игри и дружење на нашиот убав Пелистер. Имаше многу дружење, но и песна. Една од нив “Македонско девојче” отпеана од хрватско-италијанско-грузиско-македонски музички состав.
Оваа убава изведба слушнете ја на следниот линк.
Годинешното издание на Илинденски денови се затвора на 31.07 со доделувањето на признанијата и наградите на најдобите, а спомените од дружењето ќе се прераскажуваат уште долги години.