Home » Се одржа работилницата „Како до успешен букинг“во Битола

Се одржа работилницата „Како до успешен букинг“во Битола

by culturalchat

Во Кино Манаки – КИЦ Битола, се одржа работилницата  „Како до успешен букинг“со Сашо Поповски. Се работи за настан дел од мини проектот на фестивалот „Локум фест-музика и традиција“ за зајакнување на независната музичка сцена, поддржан од партнерската мрежа на балкански фестивали  MOST како дел од поголем проект поддржан од Creative Europa.Тоа е еден од петте регионални мини проекти кој има за главна цел зајакнување на капацитетите на независните музички артисти, нивно мапирање, поддршка и промоција и креирање на подобри локални културни политки за оваа целна група.

Претставници од десетина локални бендови, беа запознаени со активностите и целите на проектот и веб страната наменета за промовирање на независната музичка сцена. Настанот траеше 2 часа, воден од професионалниот музичар, професор и промотор, директорот на Џез Фактори фестивалот, Сашо Поповски од Битола. Освен професионалната матрица за букинг, Поповски ги сподели своите искуства од почетоците до денес, што беше охрабрувачко и корисно за младите музичари.

Сашо Поповски е музичар кој сеуште го живее сонот од младоста – на сцена со гитара во раката. Од почетоците со рок групата Фаџ, преку љубовта кон блуз музиката и клубските свирки, до магистер и редовен професор на Универзитетот Гоце Делчев – Штип (џез оддел) , денес е еден од најреномираните – активни џез гитаристи кој настапил на бројни Европски фестивали. Снимил шест албуми. Го основал и успешно  го води единствениот џез фестивал во Битола Jazz Factory Festival веќе 6 години.

После оваа работилница ќе следат и други работилници за промоција, продукција и настапи во живо.

 

Related Articles