Home » Изложба за сите – уметност што се чувствува со сите сетила

Изложба за сите – уметност што се чувствува со сите сетила

by culturalchat

Во петок, 27 ноември 2026 година, со почеток во 12 часот, во изложбениот простор Магаза во Битола ќе биде отворена мултисензорната изложба „Допир“, на Ирена Ружин, Јове Парговски и Јана Николовска. Изложбата нуди поинаков пристап кон уметноста, преку кој посетителите ќе имаат можност да ги доживеат уметничките дела не само преку погледот, туку и преку сетилото за допир, откривајќи ги нивните форми, релјефи и текстури.
Ваквиот концепт придонесува кон поголема пристапност на уметноста за лицата со оштетен вид и лицата со оштетен говор и глас, но и кон едно ново уметничко искуство за пошироката публика. Настанот е организиран со поддршка на Министерството за култура и туризам.
Магаза – Битола, Петок, 27 ноември 2026 година од 12:00 часот.
Една поинаква средба со уметноста, која не само што се гледа, туку и се чувствува.

Related Articles