Home » Со филмот „Фантази“ на Кукла Кешеровиќ, словенечко-македонска копродукција и доделување на наградите вечерва завршува 11. издание на МФФ Киненова

Со филмот „Фантази“ на Кукла Кешеровиќ, словенечко-македонска копродукција и доделување на наградите вечерва завршува 11. издание на МФФ Киненова

by culturalchat
Со проекција на „Фантази“ е долгометражен игран филм од 2025/2026 година, кој претставува словенечко-македонска копродукција во режија и сценарио на Кукла Кешеровиќ, вечерва се затвора 11. издание на МФФ Киненова. Филмот е словенечки официјален кандидат за најдобар меѓународен игран филм на 99. Доделување на наградите Оскар (2027)
Филмот ја следи приказната на Михрије, Сина и Јасна — три блиски пријателки во раните дваесетти години чиј неконвенционален начин на живот се менува кога ја запознаваат Фантази, млада трансродова жена. Низ нивната интеракција, ликовите истражуваат прашања поврзани со родот, желбите, идентитетот и личното себеоткривање.
Годинава, одлуката за најдобрите филмски остварувања на 11. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ е во рацете на истакнато меѓународно жири, составено од врвни филмски авторитети:
Емин Алпер – Филмски режисер чии авторски потписи се препознатливи по силниот социо-политички супстрат и суптилната психолошка длабочина.
Александра Марковиќ – Режисер, документарист и професор, чиј критички поглед и креативен сензибилитет носат посебна димензија во валоризацијата на филмскиот израз.
Гоце Цветановски – Филмски режисер од Македонија, автор со значаен придонес во развојот и промоцијата на националната и меѓународната кинематографија.

Related Articles