Овој викенд ве очекуваат три различни филмски приказни – луда комедија, носталгично патување и романтика во Њујорк.
КОЈОТОТ ПРОТИВ СИСТЕМОТ (2D) 3,4,5 септември во 18:00
Којот конечно решава да му застане на патот на „Акме“! Со помош на несреќниот адвокат Кевин, тргнува во битка против моќната корпорација. Ќе успеат ли конечно да ја победат „Акме“?
ЈУГОТО ОДИ ВО АМЕРИКА (2D) 3,4,5 септември во 20:00
Југо, Америка и едно незаборавно патување! Четворица милениумци од поранешна Југославија тргнуваат со легендарното југо низ 24 американски сојузни држави, од Њујорк до Лос Анџелес, во потрага по одговорот – што значи да се биде „најлош“?
САМО ЕДНА НОЌ (2D) 3,4,5 септември во 22:00
Али и Овен се среќаваат во Њујорк, во една единствена ноќ кога сè е дозволено – љубовта, грешките и неочекуваните средби. Современа романтична комедија за оние кои веруваат дека понекогаш е доволна само една ноќ.
