Со богат и разновиден репертоар, Народен театар Битола ја отвора новата театарска сезона во септември. Публиката ја очекуваат претстави што екипата на Народен театар Битола ги создаде со љубов, претстави што веќе бројните посетители ги познаваат и сакаат, но и нови сценски приказни кои допрва ќе ги откриваме заедно.
Септември носи многу театар, многу приказни и многу причини повторно да се сретнеме во Битолски театар. Оваа сезона повторно ја создаваат за нивната верна публика, без која театарот не постои. На сцената нè очекуваат „Едмонд“, „Госпоѓа Бовари“, „Странецот“, „Унна“ – гостување на Ѕвездара театар од Белград,Србија, „Ричард III“, „Пламенка“, „Пинокио“, „Жиголо“, „На отворено море“, „Кориолан“ и „Секстет“.
Септември во НУ Народен театар Битола носи нови средби, големи приказни, врвна актерска игра и претстави како и гостувања што остануваат долго по последниот аплауз. Па така на 10 септември во Битола гостува „Ѕвездара театар“ од Белград со претставата „Унна“,а на 11 септември „Едмонд“ ќе биде изведена во рамките на ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица. На 18. септември „Пинокио“ гостува во ТФД „Силјан Штркот“ во Прилеп, а на 25 септември е предвидено гостување со „Кориолан“ на „Magical Nights in Bitrint“ во Саранда, Албанија.
Нека започне новата театарска приказна.
Ве очекуваме во Народен театар Битола.
Билетите можете да ги набавите онлајн, на следниот линк:👇
https://narodenteatarbitola.com/buy-tickets-repertoire/
Репертоар:
„ЕДМОНД“
Дејвид Мемет
Режија: Оливер Мицевски
3 септември, 20:00 ч.
4 септември, 20:00 ч.
11 септември, 19:30 ч. – ФКТ „Ристо Шишков“, Струмица
„ГОСПОЃА БОВАРИ“
Густав Флобер
Режија: Дејан Пројковски
7 септември, 20:00 ч.
9 септември, 20:00 ч.
„СТРАНЕЦОТ“
Адаптација и режија: Дамјан Читкушев
10 септември, 18:00 ч.
„РИЧАРД III“
Вилијам Шекспир
Режија: Мартин Мирчевски
12 септември, 20:00 ч.
„ПЛАМЕНКА„
Петре Димовски
Режија: Софија Ристевска Петрушева
14 септември, 20:00 ч.
21 септември, 20:00 ч.
„ПИНОКИО“
Карло Колоди
Режија: Деан Дамјановски
15 септември, 11:00 ч.
16 септември, 11:00 ч.
18 септември, 12:00 ч.ТФД.„Силјан Штркот“ Прилеп
„ЖИГОЛО“
Игор Кузмановски
Режија: Благој Мицевски
17 септември, 20:00 ч.
„НА ОТВОРЕНО МОРЕ“
Славомир Мрожек
Режија: Благој Мицевски
22 септември, 20:00 ч.
„СЕКСТЕТ“
Марк Камолети
Режија: Марјан Георгиевски
29 септември, 20:00 ч.
30 септември, 20:00 ч.


