Home » Вечерва на Бит фест: „Бегалка“ на НУЦК „Антон Панов“ Струмица

Вечерва на Бит фест: „Бегалка“ на НУЦК „Антон Панов“ Струмица

by culturalchat

Вечерва, 24.07.2026 (петок), со почеток во 20.00 часот, претставата „Бегалка“ од Васил Иљоски, на театарот Антон Панов од Струмица, во режија на Дамјан Димовски, ќе биде изведена во рамките на „БИТ ФЕСТ“ 2026, во Центарот за култура – Битола.

Што значи да се избере сопствениот пат? „Бегалка“ ја отвора токму таа дилема – помеѓу традицијата што нè обликува и личната слобода што нè повикува.
Низ препознатливи ликови, хумор и силна емоција, ова безвременско дело на Васил Иљоски зборува за судирот меѓу желбите на поединецот и правилата на средината.
Сценографијата и костимите се дело на Благој Мицевски, а музиката е на Александар Димовски. Дизајн на плакат и рекламен материјал Ване Костуранов. Во претставата настапуваат Стојан Велков – Трн, Танкица Стојанова, Анкица Бенинова, Јасмина Вучкова, Васка Ангелова, Михаил Велков и Игор Тодоров.

Related Articles