Во Кристалната сала во Офицерскиот дом – КИЦ Битола беше претставена изложбата на уметнички слики на Македонка Димова – Дона од Кавадарци.
Отворањето на ликовните изложби е своевиден празник на уметноста. Постои некое чувство на свеченост таму каде што убавината е присутна. Така беше и синоќа на отворањето на изложбата на која Димова ја сподели својата уметност со присутните пред кои меѓу кои и градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, колеги уметници и вљубенци во ликовната уметност, за изложбата говореше ликовниот уметник Владимир Симоновски.
Димова е визуелна уметница чиј творечки израз се остварува преку сликарството на платно. Во својата работа таа истражува емоции, внатрешни состојби и суптилни односи помеѓу формата, бојата и просторот. Нејзините дела се карактеризираат со изразена сензитивност, слоевитост и личен ликовен јазик. Две години по ред е наградувана со меѓународен сертификат за најквалитетно уметничко дело во Музејот во Луксембург. Изложбата може да се погледне во наредните денови во Офицерски дом – КИЦ Битола.



