Home » Театар „Театроск“ вечер на Фестивалот на монодрама со претставата „Животот нема наслов“

Театар „Театроск“ вечер на Фестивалот на монодрама со претставата „Животот нема наслов“

by culturalchat

„Животот нема наслов“ во изведба на Театар „ТЕАТРОСК“, Македонија, ќе биде изведена во рамките на Интернционалниот фестивал на монодрама во Битола, од 21.30 во Бар сцена, НУ Центар за култура. Автор е Кристина Краличин, режија Војо Цветановски, актерка Енџи Николoска.
„ЖИВОТОТ НЕМА НАСЛОВ“ е монодрама која прикажува клучен момент во животот на една млада писателка, во пресрет на јавната промоција на нејзината книга „Големи очекувања“. Преплавена од возбуда, таа заспива и влегува во сон во кој сфаќа дека книгата е недовршена. Обземена од паника, очајнички бара начин да го заврши последното поглавје, верувајќи дека без него не може да се соочи со јавноста ниту да присуствува на промоцијата.

„ЖИВОТОТ НЕМА НАСЛОВ“ е современо, оригинално театарско дело базирано на драмски текст од Кристина Краличин. Претставата става силен акцент на актерската игра, музиката и визуелниот сценски дизајн, создавајќи интимен и симболичен театарски јазик. Истражува интимна, но универзална тема: внатрешната борба на поединецот помеѓу љубовта, очекувањата, идентитетот и креативната криза. Преку лична приказна, претставата отвора пошироки прашања за самоопределување, ранливост и притисокот да се пронајде смисла и заокруженост и во уметноста и во животот.

Во рамките на офф програмата на Широк Сокак од Саат кулата до Градскиот парк, секој ден помеѓу 11 и 14 часот, ќе може да се видат Статуите на Широк Сокак, Театар Театроск од Скопје.

Related Articles