„Јулије Цезар“, култната политичка драма од Вилијам Шекспир, е најновата премиера во рамките на Сплитско лето, која ќе биде изведена на 8.август во центарот на Сплит. Она што привлекува посебно внимание е македонската екипа во оваа претстава, почнувајќи од режисерот Ќендрим Ријани, асистент на режисерот Иван Јерчиќ, сценографот Валентин Светозарев, костимограф-Марија Пупучевска, добро познати на македонската театарска сцена. Режисерот носи ново читање, адаптација на Шекспировото дело чија актуелност никогаш не опаѓа. Во неговото читање, Цезар останува присутен дури и по смртта, а заплетот опфаќа различни историски периоди. Претставата ќе биде изведена во Диоклецијановата палата, место кое носи своја историја на империја, авторитет и конечен пад.„ Кога наидов на Сребрената Порта, веднаш почувствував дека моето дело конечно го пронајде своето природно место. Оваа порта ќе стане влез и излез во Цезаровиот „Капитол“, а Цезар ќе биде оживеан на сцената од брилијантниот актер Трпимир Јуркиќ. Дивата архитектура, релјефите на ѕидовите, автентичните камења – сето ова стана драматуршки партнер на оваа претстава“, истакнува Ријани.
Неговите претходни Шекспирови продукции („Венецијанскиот трговец“, „Магбет“) се познати по нивната остра политичка острина.„Јулие Цезар е на првото место меѓу класичните дела како најполитичка драма, првенствено поради нејзиниот главен лик – можеби личноста со најголемо влијание во светската историја. Мал е бројот на ликовите што можат да се споредат со Цезар: можеби Александар Македонски, до одреден степен Наполеон и Џингис Кан. Ова е и главната сила на ова дело: идеолошкото суштество на Цезар, кое подоцна го нарековме „тиранин“, е сè уште живо денес. И покрај интелектуалниот и културниот развој, народот често се однесува како човек од новиот век, во чии вени циркулира еден вид „Стокхолмски синдром“ кон сопствените водачи. Во мојот концепт, се обидов, преку безвременскиот Цезар, да отворам неколку прашања – не само за политичката тиранија како колективна закана, туку и за олигархиско-политичката тиранија што ја загрозува слободата на индивидуалното мислење. Имено, „можноста“ за истото колективно размислување и контролирана свест ни се наметнува секојдневно преку технологијата“.Прилично е уверен дека, дури и пред да ја погледне и почувствува реакцијата на публиката, самата претстава ќе носи ново име по изведбата на тоа место во Сплит, Сребрената порта: „Портата на Јулиј Цезар“.
„Многу ми е чест што таму ќе биде изведено театарско дело, за прв пат по повеќе од 70 години постоење на фестивалот“, додава режисерот за Сплитско лето.Драматург е Карла Леко. Главните улоги ги толкуваат Трпимир Јуркиќ, Мијо Јуришиќ, Горан Марковиќ, Донат Зеко, Петра Ковачиќ Ботиќ, Никша Арчанин, Зорана Качиќ Чатиповиќ, Ана Марија Веселчиќ, Здеслав Чотиќ, Стипе Јеласка, Лука Черјан, Зравко Вукелиќ, Моника Вуцо Царев, Лара Јерончиќ. Композитор е Тримор Дорми, кореограф Сташа Зуровац, видео дизајнер Драган Ѓокиќ, дизајнер на светло Срѓан Барбариќ, дизајнер на звук Иван Шушњара, скулптор Тео Баучиќ, јазичен советник Анита Руњиќ Стоилова, превод Милан Богдановиќ и Мате Марас, инспициент Соња Дворник.Шекспировата претстава „Јулие Цезар“ премиерно се прикажува на новата сцена во „Сребрената порта“ на 8 август, репризи на 9, 11, 12 и 13 август.
Фотографии: Сплитско лето, насловна фотографија Соња Дворник.