Во светот каде сè е достапно, а местата личат едно на друго, Битола останува автентична. Со улици што зборуваат историја, со камења што паметат, со кафе што се пие бавно – како животот. Тоа е град што не се обидува да импресионира, туку да Ве почувствува.
А ова лето, токму во духот на тој битолски ритам, на 27 јули 2025 година, Бабам Битола заедно со Бар Општина го организира првиот „Филџан Маратон“ – несекојдневен настан на кој ќе се избира битолчанецот/битолчанката кој/каја најдолго ќе го испие неговото/нејзиното кафе и ќе биде награден/а со парична награда.
Без брзање. Без тајмер. Само кафе, чаша муабет и мерак.
За пријавување се знае, обавезна битолска л.к., ќе има определено одредена парична котизација од 300 денари која заедно со другите ќе биде дел од паричната награда и мерак за кафе во пријатен амбиент со натпреварувачки карактер.
Битола не мери време – туку чувства.
Пријави на официјалните ФБ и ИГ профили на БАР Општина @baropstina или лично со назнака „За Филџан Маратон“.
Отприлика знаеме колку можиме да издржиме, да го одбереме најиздржливиот/та, ама за пиење кафе.