Home » Промовиран најновиот видео запис на битолчаните CODE 369 во соработка со Мила

Промовиран најновиот видео запис на битолчаните CODE 369 во соработка со Мила

by culturalchat

Најголемата издавачка куќа во регионов, Кроација рекордс, премиерно го објави на CMC TV најновиот видео запис за темата „Конкретно“ на битолската група CODE 369 во соработка со младата и талентирана Мила Влаисављевиќ од Србија. Истиот беше сниман во Битола, во пилатес студиото на Бобан Масалкоски, ексклузивниот клуб, ресторан Утопија, ресторанот Аурум во трговскиот центар Блис и ноќниот клуб Расчекор. Текстот е на Мила, музиката на Даниел Митревски, аранжманот на КОД, снимател Дејан Трајчевски, Endorse production, шминка Ксенија. Песната е снимана во студио Ателиер и Даниел Митревски, мастеринг Славко Ристески, студио Pro Sound.„Соработката со Мила започна благодарение на Амир Бахтијаревиќ, кој што не запозна со неа. Тоа беше човекот кој што не поврза со Кроација Рекордс, заедно со нашата менаџерска  екипа од БАГИ Комуникација. Текстот е модерен женски текст, кој што решивме да го сработиме како дует, јас и Мила“, ни изјави вокалот на Код 369, Ирена Митревска.На Мила многу и се допадна Битола, како што ни изјави „и прирасна при срце“.

„ Досега не сум се занимавала со пишување текстови. Јас се инспирирам од музиката за да напишам текст. Кога ја слушнав музиката на Даниел, тој диско фанк звук прво започнав да танцувам, а потоа ми дојде како идеја зборот Конкретно, како насловот на самата песна и од таму започна се. Се надевам песната ќе им се допадне на слушателите. Нашата соработка е меѓунарoдна и преку музиката ги спојуваме нашите држави: Македонија, Србија и Хрватска“.Код 369 минатата година имаа повеќе концерти, а интензивното освојување на музичката сцена, не само во Македонија, туку и во регионот продолжува и оваа година. Формирани се во 2020 година. Потпишаниот договор со „Кроација рекордс“ им ги отвори вратите кон целиот регион. Наскоро излегува и новиот албум на хрватски.

Видео записот може да го погледнете на следниот линк:

 

 

 

 

 

 

Related Articles