На Меѓународниот натпревар за руска романса “Романсијада”во Р.Бугарија, каде настапуваат соло пејачи до 25 год, ученикот на Државното музичко училиште од Битола, Климент Ристески, освои III награда. Тој е во класата по соло пеење кај проф.м-р Маја Митровска и настапи во пијано придружба на Елена Силјановска, корепетитор во МОБ.
Климент Ристески е роден во 2007 година во Охрид, каде завршува основно музичко образование во музичкото училиште „Методиј Патче“ во класата по виолина на наст. Кирил Белистојановски, а потоа кај наст.Елица Рашкова под чие менторство освојува II-ра државна награда. Својата музичка наобразба ја продолжува во Државно музичко училиште- Битола во класата по соло пеење на проф.м-р Маја Митровска, каде во моментов е III клас. Добитник е на I меѓународна награда за соло пеење, Молдавија 2023; II меѓународна награда за соло пеење, Србија 2023; I меѓународна награда за соло пеење Pianofest 2023; II меѓународна награда за солфеж „Михајло Николовски“ 2023; Iдржавна награда за соло пеење и II државна награда за солфеж 2024; I меѓународна награда за соло пеење Pianofest 2024; Неговиот последен успех е токму наградата во Бугарија.Учествувал во повеќе настани во организација на ДМУ Битола, соработува со Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“, во Битола и настапи на нивната свеченост по повод 30 години одбележување на нивниот јубилеј. Следно, се подготвува за својот солистичкик онцерт во Битола и Охрид.Неговата професорка за него ќе каже:
„Климент е амбициозен ученик кој плени со својот талент и умешност за музицирање на сцената. Неговата артистичност, љубовта кон театарот и оперската уметност го водат напред. Неговиот глас, иако премногу млад и сеуште кревок, плени со мекоста исто време со моќност. Верувам во неговиот успех понатаму, на сцената и во животот воопшто. Оваа награда за него треба да биде уште поголем поттик за работа и успеси. Секој успех, макар и најмал, за еден уметник е скала нагоре по која чекори во животот„.