Home » Ансамблот „Маре Нострум“ го донесе барокот на „Охридско лето“

Ансамблот „Маре Нострум“ го донесе барокот на „Охридско лето“

by culturalchat

Музичкиот барок како најзначајна  епоха во развојот на  музичката уметност , на „Охридско лето“ го донесоа членовите на  ансамблот „Маре Нострум“ кои настапија во рамките на традиционалната Италијанска вечер на фестивалот. Под диригентската палка на маестро  Андреа Де Карло, настапија  сопранот Џулија Болкато, контратенорот Данило Пасторе, баритонот Масаши Томосуги и тенорот Анџело Тестори.  Публиката уживаше и во маестралната изведба на Маргерита Буратини на харфа, Џулио Фалцоне на теорбо, Томас Чигиони на виолончело, Серена Сегетини на виола да гамба и Амлето Матеучи на контрабас.-Горд сум што придонесов заедно со мојата Амбасада за концертите  на многу реномирани италијански уметници.  И вечерва, таа  традиција на извонредност ќе продолжи, благодарение и на напорите на Италијанскиот културен институт во Белград бидејќи ќе имаме задоволство да уживаме во изведбата на уникатниот италијански ансамбл „Маре Нострум“ под диригентската палка на маестро Андреа Де Карло.  Ансамблот „Маре Нострум“ е еден од најоригиналните и најизненадувачките барокни ансамбли, веќе референца на римската барокна музика и особено на делата на големиот композитор Алесандро Страдела, истакна амбасадорот Силвестри.Ансамблот „Маре Нострум“ основан во Рим од страна на диригентот и уметнички раководител Андреа де Карло  важи за еден од најоригиналните и изненадувачки барокни ансамбли кои се посветени на изведбата на „стара“ музика со особен афинитет кон музиката од италијанските композитори, особено на оперите на Алесандро Страдела.

Related Articles